ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СЛИКАР ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ, УТРЕ КОМЕМОРАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ

    ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СЛИКАР ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ, УТРЕ КОМЕМОРАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТПоследната изложба на Георгиевски беше „Страдањата на Дон Кихот“, која лани на 15 април се отвори во Музејот на град Скопје, а во јуни беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз (Фото: МИА)

    Од 12 до 13 часот во Капелата на Градските гробишта во Бутел, денес ќе бидат изложени посмртните останки на големиот македонски сликар Владимир Георгиевски кој на 75 години почина на 25. мај во Скоје. Погребот е во 13 часот.
    За еден од столбовите  на македонската современа уметност кој беше и професор на Архитектонскиот факултет, Факултетот утре во 12 часот ќе одржи комеморативна седница во амфитеатарот. 
    Последната изложба на Георгиевски му беше „Страдањата на Дон Кихот“, која лани на 15 април се отвори во Музејот на град Скопје, а во јуни беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.
    „Дон Кихот е секој од нас, секој човек оди по сопствeната Голгота, а најчувствителни се креативците. Страдањата на овој познат книжевен лик се страдања на секој уметник, негова лична биографија“, рече тогаш Георгиевски.
    Владимир Георгиевски е роден на 1 јуни, 1942 во Скопје. Во Средното уметничко училиште учел од основоположниците на македонското современо сликарство Лазар Личеноски и Димитар Пандилов. Во 1968 дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што по две години, во класата на Младен Србиновиќ завршил постдипломски студии. Бил член на Здружението на ликовните уметници на Србија, а потоа се зачленил во Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
    Самостојно изложувал во Рим, Париз, Киев, Виена, Истанбул, Белград и во Скопје. Негови дела се изложени во холот на Факултетот за музичка уметност, во Домот на АРМ. Објавуваше и есеи и размислувања во весници и во списанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира