ДИМИТАР БАШЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА НАЈДОБРА ЗБИРКА МЕЃУ ДВЕ ИЗДАНИЈА

    ДИМИТАР БАШЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА НАЈДОБРА ЗБИРКА МЕЃУ ДВЕ ИЗДАНИЈАБашевски е награден за „Дни, години“ во издание на „Слово“. (Фото: Книга.мк)

    Поетот, романсиер, преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (СВП), што се доделува за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија, соопшти денеска фестивалот. Башевски е награден за „Дни, години“ во издание на „Слово“.

    Жири комисијата на чело со Веле Смилевски и членовите Милован Стефановски, Славица Гаџова-Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска ја избра книгата во конуренција од 35 дела.

    „Комисијата оценува дека наградената поетска збирка претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и сосугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира надосега стекнатото творечко искуство“, стои меѓудругото во одлуката на жирито.

    Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски,српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскиј азик во Белград. Застапуван во поголем број антологии на македонската литература во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината („Утрински весник”) за романот “Бунар”, како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“.

    Романот „Бунар“ во 2002 беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 .

    Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира