ДРАМАТУРГОТ САШО ДИМОСКИ НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР

    ДРАМАТУРГОТ САШО ДИМОСКИ НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ВЕЛЕШКИ ТЕАТАРСпоред текстови на Димоски беа поставени и претставите „Федра“, „Ана Комнена“, „Шумата на моето дрво“ , а за „Кралските копилиња“ беше и режисер. (Фото: Велешки театар)

    Од понеделникот, драматургот Сашо Димоски e нов вршител на должност директор на Центарот за култура од Велес. Од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврдија оваа информација, со објаснување дека на досегашниот в. д. директор Александар Ивановски му истекол мандатот.

    „Согласно Законот за култура, со истекот на мандатот на претходниот в. д. директор на НУ Центар за култура – Велес, министерот за култура именува нов в. д. директор од редот на вработените за нови шест месеци. Претходниот в. д. директор Александар Ивановски оваа функција ја извршуваше на два пати по 6 месеци. За нов в .д. директор за нови шест месеци е назначен Сашо Димоски. Тој ќе ја извршува оваа функција до овозможување на законска можност за распишување  јавен оглас за избор на директор со редовен мандат од четири години“, ни изјави портпаролката во Министерството Нурџан Асановска.

    Димоски е вработен во Велешкиот театар од 2014 како драматург. Според негови текстови беа поставени и претставите „Федра“, „Ана Комнена“, „Шумата на моето дрво“ , а за „Кралските копилиња“ беше и режисер.

    Димоски во 2016 ја доби и наградата „Рациново признание“ за книгата „Петтото годишно време“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира