„ЕДНА“ НА ВУК МИТЕВСКИ НАГРАДЕН ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ КРАТОК ФИЛМ ВО КРАКОВ

    „ЕДНА“ НА ВУК МИТЕВСКИ НАГРАДЕН ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ КРАТОК ФИЛМ ВО КРАКОВ(Фото: Продукција „Сестри и брат Митевски“)

    Краткометражната анимација „Една“ на Вик Митевски ја доби наградата од жирито на филмскиот фестивал во Краков за најдобар европски краткометражен филм и со тоа има директна номинација за наградите на Европската филмска академија, вели продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

    Европската филмска академија, листата на 15 номинации за најдобар краток филм ги добива од наградените филмови од 15 фестивали. Меѓу овие фестивали од кои се добива директна номинација се и Венецискиот, Берлинскиот, Локарно, Сараевскиот како и Филмскиот фестивал Краков каде „Една“ ја освои наградата.

    Наградата за најдобар краток еврпски филм во Краков се одбира од филмовите во две селекции за краткометражен игран филм и анимиран филм заедно, и токму „Една“ го доби признанието од петтчленото жири. Фестивалот во Краков се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови, и е помеѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскари во категоријата на кратка анимација.

    „Една“ е 11-минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Всушност ‘Една ‘е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација“, велат од продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

    Анимацијата е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е поддржана од македонската Агенција за филм. Продукцијата е работена во Македонија, постпродукцијата во Германија, каде се работел и звукот.
    Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е на Оливие Самујо, монтажа на Благоја Неделковски и на Ванчо Мираковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира