„ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ И „БРУТАЛИСТ“ ПОВЕДОА ВО ТРКАТА ЗА ОСКАРИ СО ТРИУМФОТ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

    „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ И „БРУТАЛИСТ“ ПОВЕДОА ВО ТРКАТА ЗА ОСКАРИ СО ТРИУМФОТ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИЕјдриен Броди доби Златен глобус за најдобар актер во драма за „Бруталист“ (Фото: Гети)

    Емилија Перез“ доби четири, а „Бруталист“ три златни глобуси, поведувајќи во трката за Оскари.

    Нискобуџетниот „Бруталист“, кој следи маж кој го преживеал Холокаустот и доаѓа во Америка за да биде архитект, е прогласен за најдобра драма, а ги освои и наградите за најдобар актер (Ејдриен Броди) и за најдобар режисер (Брејди Корбет).

    Ова е приказна за човечкиот капацитет за создавање. Се надевам дека филмот ќе ги инспирира оние што се имигранти“, кажа Броди.

    Најноминираниот филм на вечерта „Емилија Перез“ се закити со четири награди: најдобра комедија/мјузикл, најдобра женска споредна улога (Зои Салдана), најдобра оригинална песна и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

    Бразилската ѕвезда Фернанда Торес победи имиња како Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет и освои Златен глобус за најдобра актерка во драма за „Уште сум тука“, додека во категоријата комедија/мјузикл наградата ѝ припадна на Деми Мур за хоророт „Супстанција“, кој означи нејзино големо враќање во Холивуд.

    Себастијан Стан беше номиниран во двете главни актерски категории и на крајот го однесе Златниот глобус за најдобар актер во комедија/мјузикл за „Различен човек“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира