„ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ОДИЈАР ОСВОИ 10 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

    „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ОДИЈАР ОСВОИ 10 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУСФилмот на Одијар викендот освои 5 Европски филмски награди, меѓу кои и за најдобар филм и режија и за актерка за транс-жената Карла Софија Гаскон. (Фото: СДК.МК)

    Mјузикл „Емилија Перез“ на Жак Одијар, за мексикански наркобос кој ќе го смени полот во жена, со 10 номинации води за 82. Златен глобус, пред конкурентите како мјузиклот „Злобница“, папскиот трилер „Конклава“ и повоениот еп „Бруталистот“. Филмот на Одијар викендот освои 5 Европски филмски награди, меѓу кои и за најдобар филм и режија и за актерка за транс-жената Карла Софија Гаскон.

    Златните глобуси, награда што веќе не ја доделува Здружението на странски печат на Холивуд, сè уште се во режим на враќање по години скандали и организациски пресврти. Глобусите оваа година имаа особено ѕвездено поле на номинирани. Номинации освоија Зендаја, Тимоти Шаламе, Анџелина Џоли, Даниел Крег, Дензел Вашингтон, Аријана Гранде, Синтија Ериво, Глен Пауел и Селена Гомез.

    Драмата за младиот Доналд Трамп „Приправник“ исто така доби номинација за двете главни улоги, на Себастијан Стен како Трамп и Џереми Стронг како Рој Кон. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, го нарече филмот „политички одвратна работа“ направена од „човечки ѓубриња“.

    За Најдобар филм, комедија или мјузикл номинирани се „Злобница“; „Анора“; „Емилија Перез“; „Предизвикувачи“; „Вистинска болка“; „Супстанцијата“, а за Најдобар филм, драма „Бруталистот“; „Целосно непознато“; „Конклава“; „Дина: Втор дел“; „Момци од академијата Никел“; „5 септември“.

    Нетфликс, кој ја купи „Емилија Перез“ по премиерата на филмскиот фестивал во Кан, доминираше во номинациите и води пред сите студија и во филмските (13) и во ТВ категориите (23).

    Доделуањето на Злтинуе глобуси ќе биде на 5 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира