ЕТНОЛОШКА ФОТОИЗЛОЖБА НА БЛАГОЈА ДРНКОВ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

    ЕТНОЛОШКА ФОТОИЗЛОЖБА НА БЛАГОЈА ДРНКОВ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈАНа изложбата се презентирани 35 фотографии на Дрнков. (Фото: МСМ)

    Изложбата „Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“ ќе се отвори денес во 13 часот во Музејот на Северна Македонија.

    Изложбата на 35 фотографии, како што велат оттаму, се реализира во чест на креативниот мајстор на фотографијата и неговите фотографски афинитети и светогледи.

    Работата на фотографот и снимател Благоја Дрнков дава значаен придонес кон унапредувањето на музеологијата и етнологијата. Тој оставил ненадминлива колекција на фотографии, документирајќи ги сите аспекти на традиционалната материјална и духовна култура, како и народното творештво и применетата уметност во Македонија.

    „Она што го издвојува е неговиот посебен однос кон етнолошката документарна фотографија, која не е само гола регистрација на факти, туку претставува визуелен запис исполнет со експресија,љубопитност и енергија. Изложбата претставува обид да се потсетиме и да ги потенцираме високите дострели во документирањето и презентирањето на нашето уметничко и културно наследство. Фотографиите на овој доајен на етнолошката фотодокументација се врежани во колективната визуелна културна меморија, оставајќи ни многу повеќе од зборови“, велат од Музејот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира