ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ НА 19 СЕПТЕМВРИ, ГОДИНАШНИ ЛАУРЕАТИ СЕ ОСКАРОВЕЦОТ КАМИНСКИ И СТОЛЕ ПОПОВ

    ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ НА 19 СЕПТЕМВРИ, ГОДИНАШНИ ЛАУРЕАТИ СЕ ОСКАРОВЕЦОТ КАМИНСКИ И СТОЛЕ ПОПОВПолско-американскиот кинематографер Камински и македонскиот режисер Попов се годинашни лаурети на 41. „Браќа Манаки“ во Битола. (Фото: колаж)

    Оскаровецот Јануш Камински, кинематографер на режисерот Стивен Спилберг, е добитник на Златната Камера 300 за животен опус, а македонскиот режисер на Големата ѕвезда на македонскиот филм, на 41. Интернационален фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола.

    Фестивалот годинава нема да се одржи ни онлајн, ни со физичко присуство, туку ќе се одбележи само еден ден, на 19 септември во Битола, со говори и доделување на наградата Голема ѕвезда,  и нема да трае повеќе од половина час, кажа денеска на прес-конференција директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска. Според претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи, одлуката за ваков вид на одбележување, без селекција ја донел Управниот одбор на ДРФМ, врз основа на повеќе причини меѓу кои и дека „не е во ред да се прикажуваат филмови онлајн, а да се оценува работата на кинематограферите“.

    Полско-американскиот кинематографер Камински, кој со своите 61 година е најмлад добитник на оваа награда, годинава нема да дојде во Битола, но во своето обраќање вели дека ќе дојде следната, и истакнува дека е запозаен со творештвотот на Милтон и Јанаки Манаки и дека токму затоа оваа награда му е посебно драга.

    Според филмскиот критичар и селектор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, Камински има добиено два Оскара, за „Шиндлеровата листа“ и за „Спасувањето на војникот Рајан“, а кинематографер е на 7 филмови на Спилберг кои биле номиниран за Оскари за најдобри филмови, меѓу кои се: „Минхен“, „Мост на шпиони“, „Пост“, плус трите номинации за Оскари за кинематографер за филмовите: „Бродот со робови Амистад“, „Линколн“ и „Воениот коњ“, а четвртата номинација му е за филмот „Потонатото ѕвоно и пеперутката“ на Џулијан Шнабел.

    Стојан Синадинов од Кинотеката, во портретот за Попов вели дека филмската кариера ја почнал со краткиот документарец „Оган“ во 1974, со кој освојува прва награда на Фестивалот на документарен и краткометражен филм во Белград, продолжува со креирање документарни филмови: долгометражниот „Австралија, Австралија“ и краткометражниот „Дае“, со кој влегува во историјата на македонската кинематографија како прв номиниран филм за Оскар, како југословенски кандидат.

    Од 1981 Попов снима играни филмови и досега има реализирани пет долгометражни наслови кои постигнале врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот, како : „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и последниот во 2014, „До балчак“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира