ФИЛМОТ ЗА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО Е УМЕТНИЧКА ПРОВОКАЦИЈА, ВЕЛАТ АВТОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФИЛМОТ ЗА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО Е УМЕТНИЧКА ПРОВОКАЦИЈА, ВЕЛАТ АВТОРИТЕ

    Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“ инспириран од трагедијата на Смилковското езеро е уметничка провокација, велат авторите по реакциите во јавноста дека не е откриено како се убиени четирите момчиња и еден средовечен маж на 12 април 2012 година.

    Филмот во продукција на „Сестри и брат Митевски“ кој влезе во програмата Панорама на престојниот Берлински филмски фестивал, в четврток ќе ја има првата проекција за новинари која ќе се одржи во „Синемакс 8“ на Потсдамер плац.

    Фестивалот официјално започнува на 9.февруари, а премиерата на македонскиот филм кој е копродукција со Словенија и со Белгија ќе биде на 14. февруари во Цо паласт.
    Пред големата светска премиера, продуцентот појаснува оти овој филм „не е филм за немилите настани на Смилковско езеро“, и додава: „Иако тоа е директната провокација и инспирација за приказната. Потенцираме дека ниту се обидовме да ги реконструираме вистинските настани, ниту да ги портретираме вистинските ликови, ниту пак се обидовме да понудиме сопствена верзија со која би разоткриле што се случувало тој ден. Измисливме имиња, измисливме семејни истории, измисливме филмска сторија и ни најмалку не се обидовме да си играме МВР или судски истражители“.
    Сценарист е Елма Татарагиќ, а режисерката и косценарист Теона Стругар Митевска вели дека била погодена и преплашена од настанот што се случи кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, како и од леснотијата на злочинот.
    „Се обидов да ги замислам последните 24 часа од животот на некои млади луѓе кои никако не би можеле да претпостават таков ненадеен крај. Се обидов да ја прикажам комплексноста на нашето општествено опкружување, религиозните и етнички тензии, културолошките тенденции, пореметениот систем на вредности, но сето тоа преку измислени ликови. Ова е приказна за група млади луѓе кои се обидуваат да се пронајдат себеси, да го пронајдат својот пат. Филмските ликови на младите момчиња се замислени како да се од било каде, Франција или Америка, млади луѓе на кои не им се дава шанса да бидат среќни, да ги развијат своите амбиции, да ги остварат своите соништа“, вели Теона Стругар.

     

    Таа потенцира дека филмот е „уметничка визија, фикција, измислена и инспирирана од трагичниот факт дека насилството е присутно, сурово, безмилосно, неоправдано и неоправдливо“.
    Во екипата која ќе се поклони во Берлин се и групата млади момчиња натуршчици од кои Митевски се презадоволни и ги најавуваат како нова македонска актерска сила.
    „Кога денот немаше име“ на Берлиналето ќе биде прикажан вкупно 9 пати, од кои покрај премиерата ќе има две новинарски и две проекции на филмскиот маркет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира