ФРАНЦУСКИ ФИЛМОВИ, КОНЦЕРТИ, ХРАНА ЌЕ ИМА ЦЕЛ МАРТ ВО СКОПЈЕ НА ПРАЗНИКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

    ФРАНЦУСКИ ФИЛМОВИ, КОНЦЕРТИ, ХРАНА ЌЕ ИМА ЦЕЛ МАРТ ВО СКОПЈЕ НА ПРАЗНИКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТАБомгартнер, Кулман и Бештел на денешната прес-конференција за Празникот на Франкофонија. (Фото: К. Попов)

    Цел март ќе се слави Франкофонијата во Скопје со филмови, концерти, со гастрономија, најавија денеска францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел.

    Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола.

    Отворањето е на 1 март со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан  Хунг во киното Милениум, а меѓу настаните, Бештел најави и дека ќе има Собрание на млади франкофони, концерт на швајцарскиот бенд „Хубрис“, Недела на франкофонски филм, финале на натпреварот по изразно читање, изложба во соработка со Националната галерија на Македонија, „Париски рефлекси 3“, музичка вечер „Вино и музика“.

    Во Битола на 4 април ќе има Француска вечер на џез фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел.

    „Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Но, францускиот јазик не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Наши партнери за Франкофонијата во Скопје се и амбасадите на Швајцарија, Романија, Грција, Албанија, почесните конзули на Белгија и Луксембург“, рече Бомгартнер.

    Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира