ГЛУМЕЦОТ ЖАРКО СПАСОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

    ГЛУМЕЦОТ ЖАРКО СПАСОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАРСпасовски е вработен во Велешкиот театар од 2013. (Фото: СДК.МК)

    Актерот Жарко Спасовски е новиот в. д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес, именуван со решение на министерот за култура Зоран Љутков. Тој доаѓа на местото од Сашо Димоски, кој на оваа функција беше од јуни 2020.

    Спасовски дипломирал во 2013 на Факултетот за драмска уметност во Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин. Истата година е вработен во Велешкиот театар. Во неговата досегашна актерска кариера одигра голем број на улоги, а претставата „Синиот портокал“ каде игра улога на психијатар, и по седум години поради интерсот на публиката уште е на репертоарот на Велешкиот театар.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира