Вампирско-блузерскиот хорор „Грешници“ на Рајан Куглер ќе биде најголемиот фаворит на 98. Оскари откако доби рекордни 16 номинации од 24-те категории, следен од „Една битка по друга“ со 13. „Франкенштајн“, „Марти Величествениот“ и „Сентиментална вредност“ имаат по 9 номинации, а „Хамнет“ осум. Церемонијата на доделувањето е на 14 март, а ќе ја води комичарот Конан О‘Брајен.
Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Формула 1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти Величествениот“, „Сентиментална вредност“, „Тајниот агент“, „Бугонија“ и „Соништа за возови“.
Тимоти Шаламе („Марти Величествениот“), Леонардо ДиКаприо („Една битка по друга“), Итан Хок („Сина месечина“), Мајкл Б. Џордан („Грешници“) и Вагнер Моура („Тајниот агент“) добија номинација за најдобар актер, а Џеси Бакли („Хамнет“), Роуз Бирн („Ако имав нозе би те шутнала“), Кејт Хадсон („Љубовна песна“), Ренате Реинсве („Сентиментална вредност“) и Ема Стоун („Бугонија“) за најдобра актерка.
За најдобра споредна машка улога се номинирани Бенисио дел Торо („Една битка по друга“), Џејкоб Елорди („Франкенштајн“), Делори Линдо („Грешници“), Шон Пен („Една битка по друга“) и Стелан Скарсгард („Сентиментална вредност“), а во женска конкуренција Ел Фанинг („Сентиментална вредност“), Инга Ибсдотер Лилеос („Сентиментална вредност“), Ејми Мадиган („Оружја“), Вунми Мосаку („Грешници“) и Тејана Тејлор („Една битка по друга“).
Во конкуренција за најдобра режија се Клое Жао за „Хамнет“, Пол Томас Андерсон за „Една битка по друга“, Рајан Куглер за „Грешници“, Јоаким Триер за „Сентиментална вредност“ и Џош Сафди за „Марти Величествениот“.
Номинација за најдобар документарец добија „Решението за Алабама“, „Дојди види ме во добра светлина“, „Сечење низ карпи“, „Перфектен сосед“ и „Господин Никој против Путин“.
За Оскарот за најдобар странски филм ќе се борат „Сентиментална вредност“ (Норвешка), „Тајниот агент“ (Бразил), „Тоа беше само несреќа“ (Иран), „Сират“ (Шпанија/Франција) и „Гласот на Хинд Баџаб“ (Тунис).



