„ХОМО“ НА ИВАНОВ-ИЗИ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ГОА, НА НАЈСТАРИОТ ФЕСТИВАЛ ВО АЗИЈА

    „ХОМО“ НА ИВАНОВ-ИЗИ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ГОА, НА НАЈСТАРИОТ ФЕСТИВАЛ ВО АЗИЈАТретиот филм на Игор Иванов-Изи ќе игра на фестивалот во Гоа, Индија. (Фото: К. Попов)

    „Хомо“, третиот игран фим на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе има светска премиера на 16 јануари на Интернационалниот филмски фестивал во Гоа во Индија, најави на денешната прес-конференција в. д. директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Педест и првото издание на најстариот и еден од најзначајни фестивали во Азија, ќе се одржи од 16 до 24 јануари 2021 година.

    Фестивалот го селектираше „Хомо“ во програмата Светска панорама, вон конкуренцијата за награди.

    Бојан Лазаревски, новиот в. д. директор на Агенцијата за филм, рече дека во услови на домашен скратен годишен буџет ќе се залага македонскиот филм да го одржи квалитетот и да продолжи да ниже успеси. (Фото: К. Попов)

    Филмот е снимен по сценарио на Иванов-Изи и Сашо Кокаланов, а продуцент е Томи Салковски од „Скопје филм студио“. Македонската премиера на филмот беше на 24 септември на затворањето на Фестивалот на европски филм Синедејс. Во „Хомо“ играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ , Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова во улогата на Јулија, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

    „Учеството на овој фестивал е потврда за успешна работа на еден режисер и актер. Ние се надеваме дека после работата продуктот ќе има некаков живот, за филмот тоа е учеството на филмските фестивали“, рече денес Симонов.

    Филмот низ епизоди на црн хумор го прикажува животот на шест лица, безнадежни ликови кои по игра на случајот во обид да преживеат и да пронајдат и барем малку среќа се среќаваат во модерната метропола.

    „Хомо“ е копродукција со „Арт енд попкорн од Србија“, „Гала филм“ од Бугарија, „Триггер“ од Косово и „Иридиум филм од Словенија“.

    К. СЕЛАМОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира