И СТАНОТ СИ ГО ПРОДАДОВ ЗА ДА ГО НАПРАВАМ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ – ПОДКАСТ СО РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ

    И СТАНОТ СИ ГО ПРОДАДОВ ЗА ДА ГО НАПРАВАМ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ – ПОДКАСТ СО РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ

    Откако лани му излезе дебитантскиот игран филм „Бизнисот на задоволството“, режисерот и сценарист Гоце Цветановски оваа година вистински ќе се запише во историјата на домашната кинематографија како автор на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.

    Подкастот со Гоце Цветановски можете да го гледате тука:

    Правењето на филмот беше патешествие, траеше девет години, иако Цветановски вели дека идејата се родила и порано, додека сѐ уште живееше во Париз. Ковид кризата, постојана потрага по финансии, немање доволно обучен кадар, сето ова влијаело работата да се одолжи подолго од сите очекувања и планови. Цветановски признава дека имало моменти кога бил на чекор да го стопира проектот. Една таква ситуација решил така што продал свој стан за да може да ја исплати екипата.

    Со буџет од над милион евра, „Јон Вардар“ ќе биде копродукција на Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска и додека чека одговор од некои големи фестивали за светска премиера, Цветановски најавува дека во македонските кина треба да игра наесен.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира