ИЗАБЕЛА РОСЕЛИНИ ЌЕ ДОБИЕ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    ИЗАБЕЛА РОСЕЛИНИ ЌЕ ДОБИЕ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИРоселини остварила повеќе од 100 улоги на филм и телевизија

    Европската филмска академија ќе ѝ додели награда за животно дело на италијанско-американската актерка Изабела Роселини на годинашните Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн. На овој начин на 72-годишната Роселини ќе ѝ се оддаде почит за нејзините постигнувања во светската кинематографија.

    Роселини пораснала во Рим и Париз, пред да се пресели во Њујорк на 19 години, каде што прво работела како новинарка и манекенка.

    Како актерка дебитирала во 1976 и нејзината кариера трае до денес, остварувајќи повеќе од 100 улоги на филм и телевизија. Големиот пробив го имаше со филмот „Бели ноќи“ од 1985, а потоа имаше главна улога во култниот филм „Син сомот“ на Дејвид Линч. Во кариерата била номинирана за Еми и Златен глобус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира