ИЗЛОЖБА ЗА КУЛТУРНИТЕ И РЕЛИГИСКИ ВРСКИ НА АФРИКА И МАКЕДОНИЈА СЕ ОТВОРА ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

    ИЗЛОЖБА ЗА КУЛТУРНИТЕ И РЕЛИГИСКИ ВРСКИ НА АФРИКА И МАКЕДОНИЈА СЕ ОТВОРА ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈАВо рамки на изложбата ќе бидат претставени и христијански светци со африканско потекло, а кои биле почитувани и сликани во македонските цркви. Еден од нив е Св. Варвар за кого се смета дека се замонашил и починал во Пелагонија и кој бил често прикажуван на фреските во црквите кај Сливница, Лесново, Зрзе и Охрид (Фото: Музеј на Северна Македонија)

    Вечерва во 20 часот во Музејот на Северна Македонија, ќе се отвори изложбата „Африка во Македонија“, а автори се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис.

    Од Музејот велат дека ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори. Исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.

    „Изложбата е од единствен карактер бидејќи за прв пат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес“, велат авторите.

    Изложбата се реализира во соработка помеѓу Музејот на Северна Македонија и Археолошкиот музеј, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Музеј на Град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и Национална установа Стоби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира