ИЗЛОЖБА ЗА ТЕАТАРСКОТО КУКЛЕНО НАСЛЕДСТВО НА 5 НОЕМВРИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

    ИЗЛОЖБА ЗА ТЕАТАРСКОТО КУКЛЕНО НАСЛЕДСТВО НА 5 НОЕМВРИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈАСцени од претставите „Снежана и седумте џуџиња“ и „Могли-детето од џунглата“ на Театарот за деца и младинци. (Фото: ТДМ)

    Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“ ќе се отвори на 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија. Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“.

    Од Музејот велат дека станува збор за ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство.

    „Од историските почетоци во 1946 со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина“, велат од Музејот.

    Велкова и Намичева велат дека секој театарски чин започнува со исчекување во темнината на салата, меѓутоа уметноста на куклениот театар крие еден поинаков, посуптилен феномен.

    „Пред куклата да го започне својот сценски живот, пред воопшто да ѝ биде позјмен глас, таа веќе поседува сопствен естетски и емотивен карактер. Тој внатрешен идентитет е обликуван уште во самата структура на суровиот материјал, преку имагинацијата на дизајнерот, уметникот во сенка, чија визија и мајсторство му втиснуваат душа на она што дотогаш било само нема и празна форма“, велат тие.

    Изложбата ќе биде поставена до 29 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира