ЈАПОНЕЦОТ ШУНТАРО ТАНИКАВА ГО ДОБИ ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2022

    ЈАПОНЕЦОТ ШУНТАРО ТАНИКАВА ГО ДОБИ ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2022Деведесетгодишниот Таникава е вториот јапонски лауреат во Струга

    Добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2022 е Шунтаро Таникава, кој беше опишан како најзначајниот жив јапонски поет. Деведесетгодишниот Таникава е вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996.

    „Таникава е еден од најпродуктивните, најчитани и највлијателни поети од Јапонија на сите времиња. Преведен е на многу јазици и освоил бројни награди во Јапонија и странство. Објавил повеќе од 80 поетски збирки, а пишувал и драмски текстови, филмски сценарија, есеи и литература за деца“, стои во образложението на Управниот одбор на СВП.

    Во издание на СВП, во 2005 е преведена и објавена неговата книга „Дреболии“.

    Наградата Мостови на Струга, која од 2004 се доделува за најдобра дебитантска збирка на автор под 35 години, ја доби Италијанецот Џерардо Мазучо (1991) за поетскиот првенец „Еден човек живеел тука“. Книгата наскоро ќе биде преведена на македонски јазик во издание на СВП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира