ЈОВАНОВИЌ, ПРЉА, ИВАНОСКА И ЧАЛОВСКИ НА МЕЃУНАРОДНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА ВО ПРЕСТИЖНИОТ РИМСКИ МУЗЕЈ MAXXI

    ЈОВАНОВИЌ, ПРЉА, ИВАНОСКА И ЧАЛОВСКИ НА МЕЃУНАРОДНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА ВО ПРЕСТИЖНИОТ РИМСКИ МУЗЕЈ MAXXI„Што би се случило кога спомениците не би биле само манифестација на моќ, туку би станале нераскинлив дел на нашите континурани борби?“, се некои од прашањата што Јовановиќ ги поставува преку своето дело. (Фото: Ѓ. Јовановиќ)

    Четворица македонски уметници, Ѓорѓе Јовановиќ, Нада Прља, Христина Иваноска и Јане Чаловски, учествуваат на групната изложба „Поголем од мене: Херојски гласови од поранешна Југославија“ (5 мај-12 септември) во престижниот Национален музеј на уметностите на 21. век – MAXXI во Рим.

    Прашањето со кое се занимава групната изложба под кураторство на Зденка Бадовинац од Словенија е „Дали социјалистичкото наследство може да помогне во обновување на концептот на ‘јавното добро’, на просторот на сложената територија што неодамна ја претрпе драмата на граѓанската војна и подемот на национализмот наспроти мултиетничката припадност што го карактеризира овој регион како и економската криза која влијаеше на цела Европа?“.

    Јовановиќ учествува со делото „Протестен споменик“, Прља со „Што ќе се случи ако успееме?“ (What Would Happen if We Succeed?), Иваноска со делата „ Именување на мосото: Роса Плавева и Накие Бајрам“ (Naming the Bridge: Rosa Plaveva and Nakie Bajram) и „Документ што недостига н.2“ (Document missing, n. 2), а Чаловски со делото „Недисциплинирана изградба на архив“ (Undisciplined Construction of an Archive).

    Над 50 уметници меѓу кои и Марина Абрамовиќ, Сања Ивековиќ, ИРВИН, Желимир Жилник, Давид Маљковиќ, Марјетица Потрч, Милица Томиќ, Марта Попивода и Ана Вујановиќ, Младен Стилиновиќ ја препрочитуваат историјата на регионот преку гестовите на современите херои, поттикнувајќи нови и значајни размислувања за темите на гостопримството и соживотот.

    Изложбата „Поголем од мене: Херојски гласови од поранешна Југославија“ претставува ново поглавје во програмата на Музејот, која преку редица истражувања посветени на Блискиот исток и Медитеранот, се занимава и со уметничките ферментирања на авторите од земјите од поранешна Југославија со специфичен клуч на интерпретација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира