ЈУБИЛЕЈНИТЕ КОНЦЕРТИ НА СУЗАНА СПАСОВСКА, СЛАТКАРИСТИКА, „НОКАУТ“, „СИЛВИ БЕНД“ ДОБИЈА ПАРИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ЈУБИЛЕЈНИТЕ КОНЦЕРТИ НА СУЗАНА СПАСОВСКА, СЛАТКАРИСТИКА, „НОКАУТ“, „СИЛВИ БЕНД“ ДОБИЈА ПАРИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРАКалиопи беше специјално изненадување на ланскиот концерт на Слаткаристика и Тони Зен во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. (Фото: СДК.МК

    Поп и фолк пејачите Сузана Спасовска, Тамара Тодевска, Калиопи, Слаткаристика, групите „Нокаут“, „Силви бенд“ се меѓу уметниците чии проекти се поддржани од Министерството за култура и туризам на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2026.

    Министерот Зоран Љутков соопшти дека вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2026 е 5 милијарди 194 милиони и 975 илјади денари, што е за 519 милиони и 713 илјади денари поголем од минатата година. Буџетот наменет за проекти од национален интерес во културата изнесува 1 милијарда 70 милиони и 417 илјади денари.

    На конкурсот пристигнале 2.618 пријави поднесени од правни и физички лица, единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица.

    Јубилејниот концерт на фолк-легендата Спасовска е поддржан со 220 илјади денари (околу 3.500 евра), солистичкиот концерт на Тамара со 205 илјади денари (3.300 евра), јубилејниот концерт на „Силви бенд“ со 200 илјади денари (3.300 евра), исто како и концертот на Влатко Лозаноски-Лозано, концертот на Слаткаристка со пријателите во Охрид, концертот на „Фолтин“ на Хераклеја за 30 години постоење , концертот на „Нокаут“, исто така во чест на 30-годишнината.

    Со 215 илјади денари (3.500 евра) ќе се поддржи концертот на Калиопи, а со 704 илјади денари (11.400 евра) циклус концертите на пијанистот Симон Трпчески во Битола, Охрид во Скопје.

    Проекот „Македонијо во срце те носиме – 2 дел со Симфониски/камерен оркестар“ на „Скендеровски продукција“ доби 300 илјади денари (4.900 евра), а Здрружението за култура и изведувачки уметности „Гудачки оркестар АЈГА“ доби 582 илјади денари (9.500 евра) за проектот „Песни од срцата“.

    Во делот за прифатени проекти за финансирање манифестации и фестивали од национален интерес, Скопскиот џез фестивал доби 4 милиони денари (64.700 евра) за организација на 45. издание,  а со по 2 милиона 400 илјади денари (38.800 евра) се поддржани фестивалите Д-фестивал, Таксират и „Скопје колинг“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира