ЈУЖНОКОРЕЈКАТА ХАН КАНГ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    ЈУЖНОКОРЕЈКАТА ХАН КАНГ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАКанг во 2016 ја доби и престижната Букерова награда (Фото: Алами)

    Јужнокорејската авторка Хан Канг е добитничката на годинашната Нобелова награда за литература. Нобеловиот комитет објави дека 53-годишната Канг е наградена за „нејзината интензивна поетска проза која се соочува со историските трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот“.

    Канг во 2016 ја доби и престижната Букерова награда за романот „Вегетаријанка“, една од нејзините први книги преведени на англиски јазик.

    Канг почнала да објавува поезија во 1993, а две години подоцна ѝ излегол првиот роман.

    Ова е првата Нобелова награда за литература за Јужна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира