КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“ ГО ОТВОРА 25. СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    КАНСКИОТ ПОБЕДНИК „ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“ ГО ОТВОРА 25. СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ„Триаголник на тагата“ е еден од деветте филмови во официјалната програма

    Со изложба на плакати и со проекцијата на канскиот победник „Триаголник на тагата“ в петок почнува 25. издание на Скопскиот филмски фестивал, што ќе се одржува во Кинотеката.

    „Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал, кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи континуитетот на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови, а од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше и одбележувањето на 50-годишнината на ‘Кум‘ на Френсис Форд Копола“, вели Татјана Јаневска, директорката на СФФ.

    Фестивалот, кој трае до 17 септември, е поделен во неколку целини: светски филм, европски филм и авторски филм. Меѓу деветте филма што ќе се прикажат се и јапонскиот оскаровец „Вози ја мојата кола“ и најновото остварување на Гаспар Ное, „Вртлог“, а во рамките на ретроспективата на „Кум“ ќе можат да се погледнат сите три дела од серијалот.

    Во програмата Кинемода ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела: Со свои зборови“, кој претставува портрет на еден од највлијателните дизајнери во последните 30 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира