Кичево е Град на културата за 2026, соопшти денес на прес-конференција министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Со поддршка од Министерство за култура и туризам обезбедени се 4 милиони денари (околу 64 илјади евра).
„Ова признание го доживувам како голема чест, но и како сериозна обврска. Тоа е потврда за богатото културно наследство што го негуваме, за традицијата што со векови ја чуваме и пренесуваме, но и за современата креативна енергија што денес живее во Кичево. Во текот на 2026, Кичево ќе биде сцена на бројни фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни вечери и културни настани. Ќе ги обединиме локалните творци со уметници од државата и од странство, ќе создадеме простор за младите таленти и ќе ја поддржиме креативноста како двигател на развојот“, изјави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски.



