КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МИРКО ПОПОВ НА 5 АПРИЛ ВО МАЛАТА САЛА НА ФИЛХАРМОНИЈА

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МИРКО ПОПОВ НА 5 АПРИЛ ВО МАЛАТА САЛА НА ФИЛХАРМОНИЈАПопов беше еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.

    В петок, 5 април, во 11 часот ќе се одржи комеморација за Мирко Попов, еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти, кој почина на 25 март на 51 година. Комеморацијата е закажана во малата на Филхармонијата, објави неговата издавачка куќа „ПМГ рекордингс“.

    Попов беше активен на домашната музичка сцена повеќе од 30 години како музичар, диџеј, продуцент, композитор, текстописец, промотор и издавач. Беше фронтмен на групите „ПМГ колектив“ и „Кантон6“, основач и предводник на дискографските куќи „ПМГ рекордингс“ и „ПМГ џез“ и сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко.

    Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари, оставајќи непроценливо наследство за македонската современа култура.

    Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“.

    Има остварено повеќе улоги во театарски претстави и на филм и напиша неколку музики за театар и филм. Режираше радиодрама.

    Тој е сценарист и продуцент на документарниот филм „103 – Љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор на музичкиот филм „До небото замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички спотови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира