КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА БАЛЕТСКИОТ ДОАЈЕН ЕКРЕМ ХУСЕИН Е УТРЕ ВО МОБ

    КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА БАЛЕТСКИОТ ДОАЈЕН ЕКРЕМ ХУСЕИН Е УТРЕ ВО МОБДоајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин почина на 23 август, но комеморацијата беше одложена поради колективниот годишен одмор на вработените во МОБ

    Утре во 12 часот во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи комеморација за доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин, кој почина на 23 август по долго боледување. Хусеин беше погребан на 23 август, но комеморацијата беше одложена поради колективниот годишен одмор на вработените во МОБ.

    Хусеин, кој почина на 75 години, беше еден од најомилените уметници и колеги МОБ и беше активен во балетскиот ансамбл сè до пред 4 години.

    „Тој беше балетски феномен, од типот на Маја Плисецкаја која играше сѐ до 70 години. Екрем беше голем пријател и советник на балетските танчари од сите генерации, не се штедеше да дели совети и пофалби. Често знаеше зад кулиси да викне ‘Браво’ и тоа да се слушне до публиката. Таков беше, со големо срце и љубовта кон балетот и колегите беше поголема од него“, велат неговите долгодишни соработници и пријатели од МОБ.

    Хусеин е роден на 6 март 1943. Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера. Во 2008 ја доби наградата Менада на „Танц фест Скопје“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира