КОСОВСКО-МАКЕДОНСКИТЕ КОПРОДУКЦИИ „ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО“ И „УЛИШТЕ“ МЕЃУ НАГРАДЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    КОСОВСКО-МАКЕДОНСКИТЕ КОПРОДУКЦИИ „ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО“ И „УЛИШТЕ“ МЕЃУ НАГРАДЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛФилмскиот фестивал во Солун, најголемиот во регионот, по пандемиската кинопауза, в кино прикажа 200 филмови, а онлајн одеа 144. (Фото: Солунски филмски фестивал)

    „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи и „Улиште“ на Блерта Башоли, во косовско-македонска копродукција, освоија награди на Солунскиот фестивал. Филмот на Красниќи го подели Сребрениот Александар и 4.000 евра во селекцијата Запознај ги соседите, „Улиште“ доби награда од публиката.

    Главната награда Златен Александар „Тео Ангелопулос“ и 10.000 евра освои францускиот „Мекушец“ на Самуел Теис.

    Сребрен Александар и 5.000 евра освои „Клара Сола“ од Костарика, а победник во селекцијата Запознај ги соседите е „Мало тело“ од Лаура Самани од Италија.

    Годинава во селекцијата Балканско истражување грчката премиера ја имаше и „Сестри“ на Дина Дума, кој е и македонски кандидат за Оскар.

    По пандемиската кинопауза, Фестивалот в кино прикажа 200 филмови, а онлајн одеа 144.

    М. КОСТОВА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира