Легендарниот германски електро-поп бенд „Крафтверк“ на 14 септември ќе го изведе својот единствен концерт во Германија оваа година во барокната опера Семпер во источниот град Дрезден. Настапот ја продолжува серијата мултимедијални концерти на „Крафтверк“ на историски локации, според организаторот на концертот.
Бендот претходно има настапувано пред палатата Карлсруе и на Акропол во Атина. Планиран е уште еден концерт за палатата Шенбрун во Виена на почетокот на јули.
„Крафтверк“ се појави во 1970 од експерименталната уметничка сцена во западниот германски град Дизелдроф. Пионерскиот пристап и стил на бендот беа исклучително влијателни, помагајќи да се обликуваат модерните жанрови како што се синт-поп, техно и минимална музика. Меѓу хитовите на „Крафтверк“ се „Компјутерска љубов“ (Computer Liebe), „Човек-машина“ (Mensch-Maschine) и „Автопат“ (Autobahn).