КРИСТЕН СТЈУАРТ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО НА БЕРЛИНАЛЕ

    КРИСТЕН СТЈУАРТ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО НА БЕРЛИНАЛЕСтјуарт важи за една од најталентираните млади актерки во Холивуд. (Фото: Берлинале)

    Американската актерка, сценаристка и режисерка Кристен Стјуарт ќе биде претседателка на жирито на 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, соопштија организаторите.

    „Возбудени сме што Кристен Стјуарт ја презема оваа извонредна задача. Таа е една од најталентираните актерки на нејзината генерација, со широк спекар на улоги. Од Бела Свон до принцезата од Велс, таа им вдахнува живот на безвременски ликови. Млада, во подем и со импресивно творештво зад себе, Кристен Стјуарт ќе биде совршен мост меѓу САД и Европа“, рекоа директорите на Фестивалот, Мариет Рисенбик и Карло Катријан.

    Стјуарт (32) важи за една од најталентираните млади актерки во Холивуд. Дебитирала на 9 години, во 1999, а после три години, глумеше покрај Џоди Фостер во „Соба за паника“ на Дејвид Финчер.

    Во 2020 како режисерка го сними краткиот филм „Штурци“ (Crickets). За улогата на принцезата Дијана во „Спенсер“ на Пабло Лараин имаше номинација за Оскар. Изминатиов период завршила со снимањето на два филма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира