„ЛЕЈДИ МАГБЕТ“ НА РИСИМКИН ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

    „ЛЕЈДИ МАГБЕТ“ НА РИСИМКИН ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕВо насловната улога како Лејди Магбет настапува Анастасија Данчевск. (Фото: Танц фест Скопје)

    Танцовата претстава „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин, продукција на Скопје танцовиот театар, премиерно ќе се изведе вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ) на Танц фест Скопје.
    Музиката е на композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски.

    Во насловната улога како Лејди Магбет настапува Анастасија Данчевска, а во улогата на Магбет Дејан Битровски. Вештерка или алтер его на Лејди Магбет е Бобан Русески, Вештерка или алтер его на Магбет е Сара Цветковска. Во улогите на Вештерки настапуваат Моника Шолевска, Клара Христовска, Стефани Шааршмит, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова и Ангела Петревска, од Катедрата за танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Асистент-репетитор на претставата е Адријана Данчевска.

    „Лејди Магбет“ на Рисимкин се  занимава со психолошкиот профил на насловниот лик. Тоа е интимна историја, без наративна приказна, слики и скици за дилемите на постоењето.

    Претставата е селектирана на престижниот „Шекспир фринге фестивал“ во Верона Италија, каде на 29 август годинава, ќе ја има својата светска премиера во „Театро Камплоу“. Во меѓувреме,  вели Рисимкин, „Лејди Магбет“ е веќе поканета да гостува на сцените на повеќе театри и фестивали низ земјава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира