МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ НА ВЕНИНОВА ВЕЧЕРВА ВО КИНО ФРОСИНА, ОД УТРЕ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС И МИЛЕНИУМ

    МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ НА ВЕНИНОВА ВЕЧЕРВА ВО КИНО ФРОСИНА, ОД УТРЕ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС И МИЛЕНИУМКамка Тоциновски, Благој Веселинов и Сара Климоска во сцена од „Преекспонирано“ (Фото: ДНФ продукција)

    Преекспонирано“, првиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе ја има својата македонска премиера вечерва во кино Фросина, а од утре ќе биде на редовниот репертоар на скопските кина Синеплекс и Милениум. Ова следува пет месеци по неговата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро.

    Азиската премиера беше на фестивалот во Пуне (Индија) во февруари, а следниот фестивалски настап ќе го има на КинЕст фест во Катанија, Италија.

    Венинова е режисерка и сценаристка на филмот во кој улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката ја напиша Линдзи Рајт, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, монтажата на Гоце Кралевски, а костимите на Жаклина Крстевска. Продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцентка Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за филм, Српски филмски центар и Еуримаж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира