Актерот од Албанскиот театар Луран Ахмети, кој почина од ковид во 2021 и имаше богата кариреа во славни турски ТВ-серии, доби поштенска марка од АД „Пошта“.
„Луран Ахмети е еден од најталентираните актери на Албанскиот театар, кој зад себе остави длабоки траги преку ликовите кои ги толкуваше, како на театарската сцена, така и на филмското платно“, рече генералната директорка на АД „Пошта“, Бујаре Абази на промоцијата на 31 јули.
Поштенската марка „Луран Ахмети 1974 – 2021“ е испечатен во тираж од 6.000 примероци, и со номинална вредност од 36 денари. Дизајнер на поштенската марка е Тахар Алемдар.
Луран Ахмети почина на 25 март 2021 по компликации од ковид-19 на 46 години. Ахмети, чија матична куќа беше Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави, стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.
Актерот играше и во турската серија „Збогум Румелија“ која како македонска копродукција се снимаше во Битола, како и во „Долина на волците“.
Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“.
Б. НЕСТОРОСКА