МАРТИН СКОРСЕЗЕ ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА БЕРЛИНАЛЕТО

    МАРТИН СКОРСЕЗЕ ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА БЕРЛИНАЛЕТОПочесната Златна мечка за огромниот придонес во кинематогрaфијата на 81-годишниот Скорсезе ќе му биде врачена на 20 февруари.

    Режисерот Мартин Скорсезе ќе добие Златна мечка за животно делo на 74. Берлински филмски фестивал, соопштија организаторите.

    Почесната Златна мечка за огромниот придонес во кинематогрaфијата на 81-годишниот Скорсезе ќе му биде врачена на 20 февруари.

    „За секој што го смета филмот како уметност на обликување приказна на начин што е и индвидуален и универзален, Мартин Скорсезе е неспоредлив пример“, велат директорите Карло Катријан и Мариет Рисенбек.

    Последниот филм на Скорсезе, „Убијци на Цветната месечина“ лани беше премиерно прикажан на Канскиот фестивал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира