МЕКДОНА, ЗЕЛЕР, БОЈЛ, МОРЕТИ, ХЕРЦОГ И КОРЕ-ЕДА ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНИОТ ЛАВ НА 83. ВЕНЕЦИСКА МОСТРА

    МЕКДОНА, ЗЕЛЕР, БОЈЛ, МОРЕТИ, ХЕРЦОГ И КОРЕ-ЕДА ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНИОТ ЛАВ НА 83. ВЕНЕЦИСКА МОСТРАНани Морети се враќа во трката за Залтен лав со „Ќе се случи ноќва“ (Фото: (Синеуропа)

    Во конкуренцијата за престижниот Златен лав на 83. издание на Венецискиот филмски фестивал новите филмови Мартин Мекдона, Флоријан Зелер, Дени Бојл, Вернер Херцог, Нани Морети, Хироказу Коре-еда, Ли Чанг-донг и Ленс Опенхајм. Уметничкиот директор Алберто Барбера истакна дека годинашната селекција ја потврдува улогата на филмот како средство за разбирање на современиот свет, при што во фокусот се политичките превирања, семејните односи, идентитетот и општествените промени.

    Фестивалот ќе го отвори „Инк“ на британскиот режисер Дени Бојл, чија светска премиера е на 2 септември во Сала гранде на Лидо, а Филмот е и дел од официјалната конкуренција за Златниот лав. „Инк“ е политичка драма сместена во 1969 година и ја следи приказната за медиумскиот магнат Руперт Мардок и уредникот Лери Лем, кои го трансформираат британскиот таблоид „Сан“ во најтиражниот весник во Велика Британија. Во главните улоги се Гај Пирс, Џек О’Конел и Клер Фој.

    Во трката со 20 филмови за Златниот лав се враќаат автори кои веќе имаат силна историја со фестивалот. Мартин Мекдона повторно е во конкуренција по успешните премиери на своите претходни филмови во Венеција, додека Флоријан Зелер се враќа со нов психолошки трилер со Хавиер Бардем и Пенелопе Круз во главните улоги. Италијанската кинематографија ќе биде силно претставена со новите филмови на Нани Морети, Марко Бекис, Андреа Палаоро, Паоло Стриполи и Едоардо Де Анџелис.

    Франција во конкуренцијата учествува со новите дела на Стефан Бризе, Седрик Кан и Никола Паризер, додека азиската селекција ја предводат јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, јужнокорејскиот автор Ли Чанг-донг и култниот Шиња Цукамото. Во официјалната конкуренција се и новите филмови на иранскиот режисер Али Асгари, американските автори Ленс Опенхајм и Кејси Афлек, како и германскиот ветеран Вернер Херцог.

    Со силна авторска селекција и голем број звучни имиња од европската, азиската и американската независна кинематографија, годинашното издание на Венецискиот филмски фестивал најавува разновидна и неизвесна трка за Златниот лав, во која доминираат филмови што ги обработуваат актуелните општествени и човечки теми.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира