МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ОБЈАВИ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА БЕЗ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ОБЈАВИ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА БЕЗ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИВо објавената Годишна програма за култура ги нема националните институции како музеите и театарите. - Министерот за култура Хусни Исмали при неодамнешната посета на Драмски театар. (Фото: Министерство за култура)

    Националните институции од сите дејности на културата ги нема во објавените резулатати од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области. Министерството за култура доцна синоќа ги објави резулатите од Конкурсот, но изостанатите се музеите, театарите, Филхармонијата, Националната опера и балет (НОБ).

    Од Министерството за култура сѐуште нема никаково официјално соопштение зошто е половична програмата, освен објаснувањето на нивната официјална интернет-страница.

    Според објавените резулати од драмската дејност, засега е позната поддршката во делот на здруженија, поедицни и манифестации. Најголема поддршка добива режисерот Мартин Кочовски од Битола, 550 илјади денари за претставата „Хроника на најавената смрт“, па новоформираниот Театар за деца во Чаир 500 илјади денари за претстава во режија на Милош Андоновски и 400 илјади денари за претстава на режисерот Нико Горшич. Друштвото „ИХСИР“ од Гостивар ќе добие 500 илјади денари за претстава во режија на Сулејман Рушити, а Детскиот театарски центари исто 500 илјади денари за претстава на Срѓан Јаниќијевиќ.

    Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица и Фестивалот на алабански театар во Дебар ќе добијат по 1.2 милиони денари.

    Млад отворен театар (МОТ) е поддржан со 4.5 милиони денари, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со 4 милиони денари,  Фестивалот Скупи со 3 милиони денари, а по два милиона денари ќе добијат фестивалите Отело за нивното четврто издание и  Актфест во Скопје за второто издание.

    Во ликовната дејност, најголема поддршка од 430 илјади денари има Здружението за ликовна култура Драумацум од Гостивар, а Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) има 400 илјади денари.

    Кај физичките лица во ликовната уметност, најмногу пари ќе добијат Фисник Муртези од Скопје (280 илјади денари) и Џезаир Реџепи од Гостивар 270 илјади денари, а по 200 илјади денари Матеа Мајановиќ и Дороти Пачкова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира