МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈСОВРЕМЕН ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛИСИЧКОВ

    МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈСОВРЕМЕН ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛИСИЧКОВСе очекува градежните работи да завршат кон крајот на ноември и дотогаш Музејот нема да биде отворен за посетители. (Фото: Град Скопје)

    Со грант од 800.000 евра од Светска банка почна реновирањето на изложбениот простор на Музејот на Град Скопје. Реконструкцијата вклучува целосна обнова на просторот, со што до крајот на годинава Скопје ќе добие современ и модерен изложбен простор.

    „Градежните работи почнаа пред еден месец, со мало задоцнување поради епидемијата на коронавирусот. Во моментов се отстрануваат гипсените ѕидови, по што ќе следува поставување нова електрика и останати зафати. Со овој зафат, Музејот на Град Скопје ќе добие една нова димензија и изложбен просторот каков што нема во државата. На публиката и уметниците ќе има што да им понудиме. Музејот долги години не беше реновиран и се надевам дека после оваа активност ќе продолжиме со реконстуркција на други делови од објектот“, вели директорот на Музејот на Град Скопје Славко Лисичков.

    Се очекува градежните работи да завршат кон крајот на ноември и дотогаш Музејот нема да биде отворен за посетители. За повторното отворање на реновираниот изложбен простор ќе биде поставена ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски, еден од најзначајните сликари во македонската современа уметност, кој почина во 2017. Изложбата ја подготвува Емил Алексиев, кустос-советник во Музејот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира