Македонската академија на науките и уметностите избра 14-мина нови членови на своето 21. Изборно собрание, додека во редовни членови ги промовираше економистот Изет Зеќири и геологот Блажо Боев.
За нови дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Иван Џепаровски во Одделението за уметност.
Проф. д-р Стојко Стојков (Одделение за општествени науки), проф. д-р Светлана Мојсов (Одделение за медицински науки), проф. д-р Гордан Караман (Одделение за природно-математички и биотехнички науки) и проф. д-р Сибила Петлевски (Одделение за уметност) се новите членови надвор од работниот состав, додека за почесни членови се избрани пензионираниот професор на Правниот факултет во Скопје Владо Поповски и Трајче Стафилов, долгогодишен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.



