Американскиот актер Џејмс Ван Дер Бик, ѕвездата на тинејџерската серија „Досонов свет“ (Dawson’s Creek), почина на 48 години по борбата со рак на дебело црево.
„Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик почина мирно утрово. Тој ги дочека своите последни денови со храброст, вера и грациозност“, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи
На Ван Дер Бик му беше дијагностицирана болеста во втората половина на 2023 година, но веста ја откри дури во ноември 2024. Тој глумеше во повеќе популарни серии и филмови од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите и беше едно од најпрепознатливите ТВ-лица во тој период.
Најголемата слава ја стекна со ликот на Досон Лири од хит-серијата „Досонов свет“, што се емитуваше од 1998 до 2003 и како други ѕвезди ги имаше Кејти Холмс и Мишел Вилијамс. Ја играше и главната улога во филмот „Varsity Blues“ од 1999 и продолжи да снима и откако ја дозна дијагнозата, што го искористи и да ја шири свеста за болеста.
