НАД 25 СТРАНСКИ ПОЕТИ ЌЕ ГОСТУВААТ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА, ЛАУРЕАТОТ ТАНИКАВА НЕМА ДА ДОЈДЕ

    НАД 25 СТРАНСКИ ПОЕТИ ЌЕ ГОСТУВААТ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА, ЛАУРЕАТОТ ТАНИКАВА НЕМА ДА ДОЈДЕЗлатниот венец во името на Шунтаро Таникава ќе го прими неговиот син

    Годинашното издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 25 до 29 август, а ќе гостуваат повеќе од 25 странски поети, покрај домашните од сите генерации. Свеченото отворање ќе биде на платото пред Центарот за култура Браќа Миладиновци“, каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а затворањето е со традиционалното читање на Мостот на поезијата.

    Добитникот на Златниот венец, 91-годишниот јапонски поет Шунтаро Таникава, нема да допатува во Струга поради поодмината возраст и здравствени ризици, па наградата во негово име ќе ја прими неговиот син Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист. Тој ќе има специјален музички настап во „Св. Софија“ во Охрид, инспириран од стиховите на Таникава.

    Специјален гостин на годинашното издание е лауреатот од 2020, израелскиот поет Амир Ор.

    Во рамките на програмата предвидени се и меморијално чествување на Радован Павловски и вечер на хрватска женска поезија. Програмата на фестивалот целосно ќе се пренесува во живо на официјалниот јутјуб канал на СВП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира