НАШИТЕ БИСЕРНИ ГРЛА ГИ СНИМИЈА СОСЕДИТЕ, ПРЕДУПРЕДИ ВИОЛЕТА ТОМОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ВАЊА ЛАЗАРОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАШИТЕ БИСЕРНИ ГРЛА ГИ СНИМИЈА СОСЕДИТЕ, ПРЕДУПРЕДИ ВИОЛЕТА ТОМОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ВАЊА ЛАЗАРОВА

    Денес македонската јавност се простува од доајенот на македонската изворна песна, Вања Лазарова, која почина во неделата на 86 годишна возрат. На комеморацијата во Македонската радио телевизија, беше речено оти Лазарова е гласот на македонскиот идентитет, глас кој е впишан во колективната меморија како народен глас, а нејзините песни се пеени од душа и со големо срце, со ненадминат артизам.

    Пејачките Вера Милошоска од „Љубојна“ и Елена Ристеска на комеморацијата за Вања Лазарова (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пејачките Вера Милошоска од „Љубојна“ и Елена Ристеска на комеморацијата за Вања Лазарова (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во присуство на семејството, на колеги од музичката фела од сите генерации, со инсерти од ТВ филмовите изработени од МТВ и од „Трето уво“, а како фон најчесто во придружба на незаборавната „Со маки сум се родила“, комеморацијата ја водеше уредничката на забавната програма, и член на семеејството Каролина Петковска.

    Покрај обемната биографија на Лазарова преку чија интерпретација за македонската песна се расчу низ целиот свет, беше споменат и нејзиниот верен соработник и сопруг, фолклористот Душко Димитровски кој заедно со Вања, беше речено докажа дека македонскиот музички јазик, а пред се македонската фолклорна традиција се вистински амблем на македонската култура.

    komemoracija za vanja 4

    Комеморацијата беше во присуство на семејството, на колеги од музичката фела од сите генерации, со инсерти од ТВ филмовите изработени од МТВ и од „Трето уво“, а како фон одеше на незаборавната „Со маки сум се родила“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    За таа филозофија на поимање на изворната музика, и на македонскиот фолклор зборуваше и големата пејачка на народни песни Виолета Томовска. Таа рече оти е горда што како помлада имала чест да настапува со Вања, и на концерти во земјата и на турнеи, а потоа и на нејзините јубилеи.

    „Во мојата душа ја имам Вања со нејзината прекрасна боја во изведбите на изворната песна. Интерпретацијата може да се разбере само доколу ја разбереш душата на изведувачот“, рече Томовска и додаде: „Многу се радував кога Вања повторно се роди, за младите да ја чујат со ,Анастасија’  и со филмот на Манчевски, ,Пред дождот’. Тешко дека некој од помладите колеги ќе успее да ја стигнат таа интерпретација, но барем да им служи како пример и тие нешто да вметнат, да направат нешто слично и да остават вечна трага во нашата култура како што тоа го направи Вања“. Томовска заврши и со порака кон дискографската индустрија:„Многу е жално што во оваа сфера не правиме ништо. Нашите бисерни грла ги снимија соседите, македонската монистра се продава како да не е од овде, а од овде е, наша е“.

    Савка Тодоровска претседател на Националниот совет за родова рамноправност и на Сојузот на организациите на жените на Македонија во емотивно обраќање сподели, како што рече, помалку познати факти за Лазарова која од првите денови по осамостојувањето била вклучена во сите хумани акции што ги правеле овие организации. „Ние бевме семејство“, низ солзи зборуваше Тодоровска која додаде:„Губиме голем човек. Со неа споделувавме и радост и тага. Знаеме дека имаше голема болка која успеваше да ја надмине, и знаеме дека сакаше да се види некогаш со некого, што можеби и сега го прави“, и заврши со обраќање кон синот Зоран и кон неговото семејство дека тие секогаш ќе се со нив.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари