НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР „ПЕТРОФ“, ДОНАЦИЈА ОД ЧЕШКАТА АМБАСАДА

    НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР „ПЕТРОФ“, ДОНАЦИЈА ОД ЧЕШКАТА АМБАСАДАПијано концерт одржаа чешките пијанистки Ема Једличка-Гогова и Ина Асламас од Дуото Асламас - Гогова. (Фото: К. Попов)

    Националната опера и балет (НОБ) доби концертен клавир од брендот „петроф“, донација од Чешката амбасада во Македонија. Донацијата вечерва ја предаде Зузана Петрофова, директорка на чешката фабрика за концертни пијана „Петроф“ и внука на основачот, на денот кога се прославува Националниот ден на Чешка.

    Директорот на НОБ Васко Ристов ни рече дека идејата за донацијата е од Амбасадата и амбасадорот Јарослав Лудва.

    Зузана Петрофова, амбасадорот Јарослав Лудва и директорот на НОБ, Васко Ристов (втор од десно) на вечерашната свеченост. (Фото: К. Попов)

    „Овој прекрасен гест од Амбасадата на Република Чешка и компанијата ‘Петроф’ со својот претставник Зузана Петрофова го одбележуваме со концерт за пијано“, вели Ристов.

    Тој рече дека Националната опера и балет ќе си го користи концертниот клавир според потребите за репертоарот.

    По официјалното примопредавање на клавирот, пијано концерт одржаа чешките пијанистки Ема Једличка Гогова и Ина Асламас од Дуото Асламас – Гогова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира