НЕ НАПРАВИВ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО – ФИЛМОТ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ИЗЛЕЗЕ НА БЕРЛИНАЛЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ НАПРАВИВ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО – ФИЛМОТ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ИЗЛЕЗЕ НА БЕРЛИНАЛЕ

    (СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК: СИЛВЕРА ПАДОРИ-КЛЕНКЕ)

    „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска синоќа ја имаше официјалната светска премиера на Берлинале во програмата Панорама, а потоа комплетната екипа славеше во ивент просторот на „Кунтцшуле“ во берлински Мите, во релаксирана атмосфера со музика и пијачка и со  луѓе од македонската Агенција за филм и бројни гости на фестивалот.

    Режисерката Теона Митевска на журката по премиерата дојде со синот Каелиок (Фото: СДК.МК)

    Режисерката Теона Митевска на журката по премиерата дојде со синот Каелиок (Фото: СДК.МК)

    Режисерката Митевска, која на журката пристигна  во придружба на  14-годишниот син Каелиок, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека е презадоволна од  реакциите на публиката по премиерата и од прашањата и интересот на новинарите на прес- конференцијата. Денот очигледно и беше стресен и возбудлив, па немала време ни за залак, па како забележавме од на нога голтна еден бургер од мекдоналдс кој со сигурност беше тенка подлога за долгата ноќ која следеше.

    Екипата на прес- конференцијата пред премиерата на Берлинале (Фото: МИА)

    Екипата на прес- конференцијата пред премиерата на Берлинале (Фото: МИА)

    „Кога денот немаше име“ е инспириран од убиствата на петмина млади луѓе кај Смилковското Езеро во Скопје на ден пред Велигден на 12 април 2012. На прес-конфенцијата пред премиерата, продуцентката Лабина Митевска рече дека кога првпат сестра ѝ, режисерката Теона и рекла дека сака да снима филм инспириран од убиствата кај Смилковско Езеро мислела дека е премногу опасно, оти овој инцидент ја довел земјата премногу блиску до граѓанска војна, но низ разговорите разбрала дека Теона не сака да прави документарец туку е заинтересирана за загубата на млади животи.

    Актерите Ханис Багашов и Леон Ристов (Фото: СДК.МК)

    Актерите Ханис Багашов и Леон Ристов (Фото: СДК.МК)

    Теона на прес-конференцијата рече дека насилството и загубата на млади животи ја шокирале и дека тоа било поттик да го истражи нашиот однос кон насилството.

    Ѕвезди на вечерта без сомнение беа младите актери кои ко задоволство позираа пред бројните фотографи. Возбудени по настанот, кој сигурно ќе им остане во сеќавање додека се живи, беа и  Леон Ристов (го игра ликот на Милан) и Ханис  Багашов (Петар)  кои беа расположени да одговорат на неколку прашања.

    Леон кажа дека улогата на Милан ја пренел најдобро колку што знаел и умеел. Но, кога е во прашање машкоста и мачо стилот што го обојуваат филмот и неговиот еротски однос кон филмскиот партнер и другар Петар, вели дека тој лично сака слободно да живее, нема никакви предрасуди. Сака да сака, но не сака некого да повреди, ниту да биде повреден.

    Теона на прес-конференцијата рече дека насилството и загубата на млади животи во убиствата кај Смилковоско Езеро ја шокирале и дека тоа било поттик да го истражи нашиот однос кон насилството; - со сестра и продуцентката Лабина Митевска (Фото: МИА)

    Теона на прес-конференцијата рече дека насилството и загубата на млади животи во убиствата кај Смилковоско Езеро ја шокирале и дека тоа било поттик да го истражи нашиот однос кон насилството; – со сестра и продуцентката Лабина Митевска (Фото: МИА)

    „И по оваа улога и филмот машкоста за мене не значи ништо!!!“, вели Леон.

    За Ханис Багашов, 17-годишен средношколец и талентиран фотограф и режисер, периодот кога го снимал филмот бил лично многу тежок.

    „Пред две години имав само 15, значи бев мал. Низ ликот на Петар мислам дека  самиот се запознав, се разоткрив.  Искрено, бајаги ми помогна Теона.  Ми даде да го прочитам романот на Гете ‘Страдањата на младиот Вертер’. Мислам дека преку Вертер, неговите страдања и идеи не само за љубовта, туку и за судирот на човекот со природата и со поредокот, го создадов и мојот лик на Петар. И не само него, туку едноставно и јас пораснав“, вели Ханис.

    На прашњето дали филмот и кинематографијата воопшто можат да го сменат светот, Леон и Ханис  велат дека  филмот треба да ги поттикне луѓето да преземат некаква акција, да иницираат промени, а и тоа не е малку!

    Дали својата иднина ја гледаат на големото платно: Леон потсетува дека Македонија е мала земја, каде не се снимаат кој знае колку филмови. Затоа,  пред актерството за нив поинтересна и попровокативна е режијата.

    „Кога денот немаше име“ ќе има вкупно 4 проекции на Берлиналето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира