НЕМА ДА ОТКРИЈАМ ТОПЛА ВОДА, НО ЌЕ СЕ ТРУДАМ ДА ГИ РЕШАМ НАТАЛОЖЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ, РЕЧЕ НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИ

    НЕМА ДА ОТКРИЈАМ ТОПЛА ВОДА, НО ЌЕ СЕ ТРУДАМ ДА ГИ РЕШАМ НАТАЛОЖЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ, РЕЧЕ НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИАдеми и Исмаили се членови на партијата Алтернатива, поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши. - Од денешното примопредавање на функцијата за министер за култура (Фото: МИА )

    „Новиот министер за култура Хусни Исмаили го наследува Министерството со консолидиран буџет и верувам дека до крајот на годината долгот ќе биде нула денари, за разлика од мене кога наследив нула денари во буџетот на мојот прв работен ден“, рече денес ексминистерот Асаф Адеми на примопредавањето на функцијата на Исмаили.

    Адеми дојде на оваа функција лани во јуни, откако премиерот Зоран Заев го разреши Роберт Алаѓозовски, а на 6 мај си поднесе оставка од здравствевни причини. Собранието синоќа го изгласа Исмаили за нов министер, по предлогот на премиерот Заев. Адеми и Исмаили се членови на партијата Алтернатива, поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши.

    „Не може да се открие топла вода, јас доаѓам од од лекарска професија но имам богато искуство во културата и ќе ги решаваме проблеми на сите културно работници и институциите“, рече Хусни Исмаили (Фото: МИА)

    „Исмаили е човек со многу јас персоналитет за кого имам особена почит, не сме само партиски другари, туку исто така се знаеме од порано и уверен сум дека Министерството за култура дека ќе биде во сигурни раце. Го уверив министерот дека за разлика од моите почетоци, сега админстрацијата има многу добри меѓучовечки односи и сигурно ќе има со кого да соработува“, кажа Адеми.

    Исмаили е професор на Медицинскиот факулттет на Универзитетот во Тетово. Под културни активности во неговата биографија се вели дека бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник во областа на радиодрами, уредник во изготвувањето на 90 радиоемисии од областа на културата, уредник и раководител на 80 телевизиски документарни програми на албански јазик во Северна Македонија и пошироко. Тој е еден од основачите на издавачката куќа „Логос А“ и на хуманитарната организација Мерхамет.

    „Несомнено дека ќе се залагам со сите мои можности, интелектуални капацитети и менаџерски споособности да успеам да го одведам Министерсвотото еден чекор понатаму, да ги решам бројните прболеми што се наталожени со години. Знам дека нема да успеам да ги решам сите, но ќе правам сѐ што во мојата моќ.
    Не може да се открие топла вода, јас доаѓам од од лекарска професија но имам богато искуство во културата и ќе ги решаваме проблемите на сите културни работници и институциите. Постои мислење дека ние лекарите сме ограничени само на нашата дејност, но ја сум интелектуалец и наградуван и во други области, и во дополнителни спортови и какво и да е тоа исксуство ќе ми биде од голема помош“, рече Исмаили.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари