„НЕПРИЈАТЕЛОТ МЕЃУ НАС“ ЈА ОТВОРА ПРВАТА РЕВИЈА НА ГРЧКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА

    „НЕПРИЈАТЕЛОТ МЕЃУ НАС“ ЈА ОТВОРА ПРВАТА РЕВИЈА НА ГРЧКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈАРевијата со 4 играни и еден документарец ќе оди во киното Фросина во Скопје, а ја организира филмскиот фестивал Киненова; - сцена од „Непријателот меѓу нас“ на Јоргос Цемберопулос

    „Непријателот меѓу нас“, семејна драма на Јоргос Цемберопулос ја отвора вечерва (20 ч) првата ревија на грчки филмови во Македонија. Ревијата со 4 играни и еден документарец ќе оди во киното Фросина во Скопје, а ја организира филмскиот фестивал Киненова. Вечерва ќе игра и краткиот „Смоква“ на Николас Коловос кој лани победи на Киненова.

    Гостин на ревијата ќе биде грчкиот документарист Христос Каракепелис кој утре (18.30 ч) ќе го престави својот документарен филм „Суровина“, а по проекцијата ќе има сесија прашања и одговори со публиката.

    Грчката кинематографија последниве години има најголем подем во регионот, а ревијата во Скопје претставува нова генерација млади грчки автори кои се дел од новиот бран предводен од оскаровецот Јоргос Латимнос и Атина Рејчел Цангари, но кои во земјава не се многу познати.

    Утре (20.30 ч) е играниот филм „Среда 04:45“ на Алексис Алексиу, а в четврток  (18.30 ч) е „Засекогаш“ на Маргарита Манда, и (20.30 ч) „Ден за бегство“ на Димитрис Бавелас.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира