„НЕТФЛИКС“ ПОТВРДИ ДЕКА ПРВПАТ КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ НА СНИМАЊЕТО

    „НЕТФЛИКС“ ПОТВРДИ ДЕКА ПРВПАТ КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ НА СНИМАЊЕТОВИ била искористена за правење визуелни ефекти во аргентинската серија „Етернаут“ (Фото: Нетфликс)

    Нетфликс“ потврди дека првпат употребил вештачка интелигенција (ВИ) во снимањето на една од своите оригинални содржини, технологија која предизвикува голема вознемиреност во Холивуд. Извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос, ја бранеше ВИ, велејќи дека е неверојатна можност која им помага на креаторите да прават филмови и серии подобро, но и поевтино.

    Сарандос кажа дека ВИ била искористена за правење визуелни ефекти во аргентинската дистописка серија „Етернаут“ и тоа во сцена во која паѓа зграда во Буенос Аирес, што инаку би го надминало буџетот на продукцијата. Креативниот тим соработувал со студиото „Ајлајн“ за да ја направи драматичната сцена со помош на ВИ.

    На овој начин, сцената била довршена десет пати побрзо, а и цената влегуваше во буџетот на серијата. Тоа е првпат кадар направен со ВИ да се појави во оригинален филм или серија на ‘Нетфликс‘ и креаторите се многу задоволни со резултатот“, кажа Сарандос.

    Вештачката интелигенција стана жариште во Холивуд по штрајкот во 2023 година, што резултираше со нови упатства за користење на технологијата. Главната загриженост е дека ВИ би можела да ја замени работата на луѓето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира