НИ АЛИСА НЕ ЗНАЕ ШТО Ѝ СЕ СЛУЧУВА, ПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА РУСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

    НИ АЛИСА НЕ ЗНАЕ ШТО Ѝ СЕ СЛУЧУВА, ПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА РУСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕПретставата има бројни анимации, 3Д ефекти, неверојатно креативни костими и сценографија - (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Не барајте смисла во авантурите на Алиса, ни самата не знае што ѝ се  случува“, им порача реномираниот македонски режисер Иван Поповски во Македонскиот народен театар во Скопје на децата и на возрасните придружници кои дојдоа на неговата претстава „Алиса зад огледалото“.

    Со оваа претстава почна фестивалот „Иван се враќа дома“ кој во Македонија го донесе режисерот Иван Поповски. Тој повеќе од 25 години живее во Русија и  таму важи за еден од најомилените и најнаградувани режисери.

    „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ НА ИВАН ПОПОВСКИ НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО РУСИЈА

    За време на фестивалот од 16- 23 септември по два пати ќе се играат грандиозните и наградувани претстави „Алиса зад огледалото“, „Отровната туника“ и „Сонот на летната ноќ“ што се во продукција на неговиот матичен театар „Мастерскаја на Пјотр Фоменко“.

    ИВАН ПОПОВСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА ДА ГО СПАСИ ОХРИД

    Со првата претстава од гостувањето на рускиот театар „Мастерскаја на Пјотр Фоменко“ на фестивалот „Иван се враќа дома“ почна новото правило во МНТ да се затвораат вратите во најавениот термин, но иако затворени навреме, почетокот доцнеше 15 минути, за што Поповски се извини дека е поради мал технички проблем.

    Иван Поповски повеќе од 25 години живее во Русија и таму важи за еден од најомилените и најнаградувани режисери. – на сцената на МНТ, на отварањето на фестивалот – (Фото: Ѓ. Личовски)

    На големите деца пак, како што рече тој им порача да не светат со големите екрани, бидејќи освен што пречат на публиката, непријатни се и за луѓето на сцена.

    Веројатно не може да се процени кој повеќе уживаше во згодите и незгодите на Алиса зад огледалото, родителите или децата. Иако претставата има бројни анимации, 3Д ефекти, неверојатно креативни костими и сценографија, волшебното е што Поповски не се труди да ни го објасни  светот на Луис Керол, туку единствено, бајковито да го оживее на сцена.

    Претставата се игра и утре (недела) од 18 часот во МНТ, а има синхорниризан и титлуван превод.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира