НИ ТРЕБААТ 195.000 ЕВРА ЗА САНАЦИЈА НА ЕДЕН БАЛКОН И ЕДНА ТЕРАСА НА МНТ КОЈ Е ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ КИМОВСКИ

    НИ ТРЕБААТ 195.000 ЕВРА ЗА САНАЦИЈА НА ЕДЕН БАЛКОН И ЕДНА ТЕРАСА НА МНТ КОЈ Е ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ КИМОВСКИДиректорот на МНТ Никола Кимовски со техничкиот раководитеч Гунтер Кубе (Фото: К. Попов)

    „Почнавме преговори со одредени градежни фирми за санација на театарот. Мораме да инвестираме во осветлување на објектот. Со текот на годините надворешната и внатрешната состојба е влошена. Ќе почнеме етапно, најпрво со санација со тоа што ние си го нарекуваме мало театарче позади кое се наоѓа онаа античка кофа каде што протекува едниот балкон“, рече денес директорот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Кимовски на прес-коференцијата по повод 80 години МНТ.

    Објектот во центарот на Скопје, како дел од проектот „Скопје 2014“ беше отворен во 2013, и чинеше 40 милиони евра.

    Техничкиот директор Гунтер Кубе кажа дека техниката мора да се одржува и обновува.

    „Потребни се 12 милиони денари (195 илјади евра) за санација на еден таков балкон и една тераса, а ние имаме вкупно 6 милиони (97.500 евра) за целата програма. Не го кажувам ова само за да кукаме и да се вадиме на парите добиени од државата. Ќе пробаме да ја развиваме нашата соработка со партнерства и спонзорства, донации и фондови кои ќе помогнат да го санираме овој прекрасен објект. Многумина сметаат дека е спротивното од ова што сега го говорам, но сепак е според мене објект кој ќе ги привлече најдобрите режисери од Европа“, рече Кимовски и додаде дека МНТ има технички можности за спектакуларни претстави кои ќе го претстават театарот во поинакво светло на европските тетарски продукции.

    Лани во ноември, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека Кимовски треба да ги испита работите и да покрене постапка за одговорност зошто најголемата објектот на театарска куќа е во очајна состојба и се распаѓа.

    Љутков лани во ноември го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е пресреќен, откако ги видел пробите за неколку претстави во тек, а од другата е ужаснат и шокиран.

    „Оваа ситуација, со овој распаднат театар трае веќе 7, 8 години. Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари“, рече тогаш Љутков.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира