Ноември ќе биде месец на Џакомо Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, рече денеска генералниот директор на Националната опера и балет (НОБ), Оливер Арсовски.
Сезоната ќе се отвори со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 16 октомври, а Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што ќе бидат изведени дела и од македонски автори.
Ќе има и две изведби на балетот „Дамата со камелии“.
„Како главна осовина на програмата до Нова година сакам да го најавам ноември како Meceц на Пучини. Ќе дадеме четири главни претстави на Пучини и тоа ‘Боеми’ (8 ноември), ‘Мадам Батерфлај’ (16), ‘Тоска’ (23) и ‘Турандот’ на 29 ноември, со странски пејачи, странски диригенти. Сето тоа го правиме да го подигнеме и нивото на куќата, квалитативното ниво на куќата за да може да ја вратиме публиката и да ужива во нашите претстави “, рече Арсовски по денешната посета на институцијата од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Директорот најави дека на крајот на годината ќе биде подготвен репертоарот за цела 2025 година, како и дека ќе има промени во репертоарната политика и на Операта и на Балетот.
Б. НЕСТОРОСКА