НОРВЕШКИОТ „СЕНТИМЕНТАЛНА ВРЕДНОСТ“ НА ЈОАКИМ ТРИЕР ДОБИ ПЕТ НОМИНАЦИИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    НОРВЕШКИОТ „СЕНТИМЕНТАЛНА ВРЕДНОСТ“ НА ЈОАКИМ ТРИЕР ДОБИ ПЕТ НОМИНАЦИИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ„Сентиментална вредност“ е номиниран во категориите најдобар европски филм, како и за режисер за Јоаким Триер, за актерка за Ренате Ренсве, за актер за Стелан Скарсгард и за сценарист за Ескил Фогт и Јоаким Триер. (Фото: ТХР)

    „Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е фаворит за Европските филмски награди 2025, со пет номинации. Европската филмска академија (ЕФА) денеска ги објави номинациите за главните категории на годинешните награди, кои ќе се доделат на 17 јануари на церемонијата во Берлин.

    Годинава во поширокиот избор за номинации влезе и „Мајка“ на теона Стругар Митевска, но не доби номинација.

    Петнаесет долгометражни филмови се натпреваруваат за наградата Најдобар европски филм, по неодамнешната промена на правилата, што значи дека филмовите кои се номинирани за категориите за најдобар документарец и анимација исто така се во конкуренција во оваа категорија.

    „Сентиментална вредност“ е номиниран во категориите најдобар европски филм, како и за режисер за Јоаким Триер, за актерка за Ренате Ренсве, за актер за Стелан Скарсгард и за сценарист за Ескил Фогт и Јоаким Триер. Филмот, кој доби Гран при на фестивалот во Кан, е за две сестри кои повторно се среќаваат со отуѓениот татко, некогашен познат режисер.

    Шпанскиот „Сират“ има четири номинации: во категорииите најдобар европски филм, најдобар режисер за Оливер Лаксе, актер за Серхи Лопез и сценарист за Сантијаго Филол и Оливер Лаксе. Филмот заеднички ја освои Наградата од жирито во Кан и е татко и син на рејв забава во планините на јужен Мароко, барајќи ја својата исчезната ќерка и сестра.

    Други фаворити оваа година се „Звукот на паѓањето“, кој исто така ја освои Наградата од жирито во Кан. Има три номинации за најдобар филм, како и за Маша Шилински за режисерка и Шилински и Луиз Петер за сценарист. Драмата на Шилински се одвива низ еден век на забита германска фарма и прикажува четири жени кои се разделени од времето, но обединети од траумата.

    Канскиот победник „Беше само случајност“ Џафар Панахи, исто така има три номинации, меу кои и најдобар филм, режисер и сценарист за Панахи. Филмот е за група поранешни политички затвореници кои се соочуваат со чуварот за кого велат дека некогаш ги мачел.

    Номиниран за најдобар европски филм е и „Гласот на Хинд Раџаб“ на Каутер Бен Ханија, што осови Сребрен лав во Венеција. Врз основа на вистински настани, документарната драма го прикажува одговорот на палестинската Црвена полумесечина на повиците на Хинд Раџаб, петгодишно палестинско девојче заробено во автомобил во градот Газа под оган од израелските сили.

    Во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ, што се доделува за најдобар прв долгометражен филм на авторите во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ, номинира и се 6 филма и тоа: словенечкиот „Што ти е девојче“ на Уршка Џукиќ, британските „Сенката на татко ми“ на Акинола Дејвис Џуниор и „За паѓањето“ на Лаура Кареира, турскиот „Еден од оние денови“ на Мурат Фиратоглу, данскиот „Сауна“ на Матијас Брое и полскиот „Под сивото небо“ на Мара Тамкович.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира