НОВИОТ ФИЛМ НА СОРЕНТИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ 82. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    НОВИОТ ФИЛМ НА СОРЕНТИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ 82. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛСорентино по седми пат соработува со актерот Тони Сервиљо

    La Grazia“ на Паоло Сорентино, љубовна приказна во која тој повторно се спојува со актерот од „Големата убавина“ Тони Сервиљо, ќе го отвори 82. издание на Филмскиот фестивал во Венеција.

    Сервиљо глуми заедно со италијанската актерка Ана Ферцети, која неодамна се појави во големиот хит на Ферзан Озпетек, „Дијаманти“. Деталите за приказната на десеттиот игран филм на Сорентино не се познати, освен фактот дека станува збор за љубовна приказна сместена некаде во Италија.

    Почнувајќи од дебито на Сорентино „One Man Up“ од 2001, ова е негова седма соработка со Сервиљо.

    Многу сум среќен што 82. Меѓународен филмски фестивал во Венеција ќе се отвори со новиот филм од Паоло Сорентино“, изјави уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера.

    Како што претходно беше најавено, двократниот оскаровец Александeр Пејн ќе претседава со жирито на фестивалот, што ќе се одржи од 27 август до 6 септември. Учесниците ќе бидат објавени на 22 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира