ОЛИВЕР АРСОВСКИ ЈА ПОТВРДИ НЕОФИЦИЈАЛНАТА ВЕСТ ДЕКА Е РАЗРЕШЕН ОД „ОХРИДСКО ЛЕТО“

    ОЛИВЕР АРСОВСКИ ЈА ПОТВРДИ НЕОФИЦИЈАЛНАТА ВЕСТ ДЕКА Е РАЗРЕШЕН ОД „ОХРИДСКО ЛЕТО“Оливер Арсовски со членовите на „Фор плеј“ на отварањето на Охридско лето на 12 јули

    Оливер Арсовски потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека е разрешен од функцијата директор на Охридско лето.

    На прашањето зошто е разрешен среде траење на фестивалот, Арсовски рече дека нема коментар. Тој потврди дека имал инспекција на Министерството за култура.

    Веста до сабота на полноќ не беше официјално објавена ниту на веб страницата на Министерството за култура, ниту на страницата на Охридско лето.

    Веста за разрешувањето беше објавена од Телевизија Телма, која се повика на „дознавање од извори на установата“. Сопругата на министерот за култура Роберт Алаѓозоски е еден од презентерите на вестите на телевизијата.

    Од Министерството за култура неколку дена упорно ги игнорираа прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК околу информациите до кои дојдовме за наводите од инспекцијата.

    Оливер Арсовски е директор на Охридско лето од април 2016.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира